За проектот

„Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста
CB006.2.31.095

Цел на проектот

Целта на овој проект е да се изработи онлајн тест платформа за електронска трговија и преку обучување во сферата на новите технологии и начини на продажба да се зголеми конурентноста на малите претпријатија, занаетчиите и земјоделците во пограничниот регионот. Целна група на проектот се занаетчиите, земјоделците, претставници на здруженија на лица со попреченост, социјални претпријатија, како и потенцијални клиенти од регионот за прекугранична соработка, Европската Унија и од целиот свет. Фокусот ќе биде ставен на обучување за тоа како малите производители да ги продаваат своите производи на интернет. Со оглед на тоа дека претставниците на микропретпријатијата во повеќето случаи се самовработени и располагаат со ограничен капитал, создавањето на заедничка платформа значително би ја олеснило нивната работа во две насоки:

Од една страна, ќе се намали административниот товар и трошоците за персоналот и оддржувањето на трговските објекти. Од друга страна, нивниот пазар ќе се прошири преку можностите кои ги нуди електронската трговијата. Иновативниот проект за електронска трговија ќе придонесе за промена на традиционалното разбирање на трговијата како тргување на лице место и ќе овозможи повеќе време на производителите за создавање на поголеми количини продукти со намалување на трошоците.

Занаетчиите, земјоделците и микропретпријатијата ќе бидат поконкурентни на пазарот, а исто така ќе се подобри и нивната социјална и економска состојба. Партнерите во проектот ќе имаат можност да го поддржат одржувањето и развојот на онлајн платформата дури и по завршувањето на проектот, бидејќи повеќето од директните корисници се членови на нивните организации.

Создавањето на тест платформа за електронска трговија е клучно за поддршка на микробизнисите во регионот за прекугранична соработка, ова ќе донесе огромни придобивки за обете држави, бидејќи малите бизниси придонесуваат за создавање на голем дел од Бруто домашниот производ. Преку имплементација на проектните активности, ќе се создаде една алтернатива за претпријатијата, здруженијата на лица со попреченост и социјалните претпријатија, чии добра и услуги во моментов тешко се наоѓаат на слободниот пазар.

Спроведувањето на проектот и намалувањето на трошоците за продажба ќе даде поттик на микро претпријатија, занаетчиите, земјоделците и сточарите кои работат во сивиот сектор на економијата да излезат на светлина.

Активностите на проектот се во согласност со глобалната цел на Програма за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, како и со нејзините непосредни задачи, имено: зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и олеснување на нивниот пристап до нови пазари. Преку поддршка за зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија да се зголеми атрактивноста за потенцијални инвеститори.

Слабата конкурентност на микропретпијатијата, занаетчиите, земјоделците и здруженијата на лица со попреченост се јавува како еден од основните проблеми во пограничниот регион, регионот на Ќустендил и Третиот Североисточен плански регион. Статистичките податоци од Националниот институт за статистика на Република Бугарија за 5-годишниот период 2012 – 2016 година покажуваат дека населението во реонот на Ќустендил се намалило за 9 382 лица. Прирастот на населението е негативен – минус 13%. Во селата на територијата на Ќустендил живеат вкупно 37 837 лица (помалку од 30% од населението во регионот). Според најновите статистички податоци (2016) за деловните сегменти, по критериумот на големината на претпријатието и бројот на персонал во истото, микро-претпријатијата претставуваат 93,6%, средните претпријатија – 5,2% и големите претпријатија – 1,2% од бизнисите.

Вкупното број на население во Третиот североисточен плански регион во Северна Македонија е 172787 лица, кое е непропорционално распоредено, при што општина Куманово има најголем број жители – 105 484. Нема официјална статистика за бројот на микро претпријатија, занаетчии и здруженијата на лица со попреченост во шесте општини. Сепак, неоспорен факт е дека микро-претпријатијата се ‘рбетот на локалната економија.

Ограничената и затворена економија во регионот за прекугранична соработка е голем проблем за претприемачите. Наоѓањето на пазари за продажба на своите производи е општ проблем. Токму тоа е причината зошто тековниот проект има за цел да го реши овој проблем преку иновативна платформа за електронска трговија и да им овозможи на малите производители пристап до нови, пошироки пазари.

Зголемувањето на конкурентноста, преку можноста за продажба на готовите производи на микро-претпријатија, ќе охрабрува сѐ повеќе млади, жени и малцинства да останат да работат во родните места. Регистрирањето на нови микробизниси значително ќе го намали процентот на невработени лица, бидејќи во прекуграничниот регион нема големи претпријатија кои ќе создаваат нови работни места, започнувањето на сопствен бизнис е една голема можност за подобрување на економската состојба на населението.

Спроведувањето на проекните активности ќе има поволно влијание врз општите потреби на целиот регион и ќе имаат одржлив ефект на прекугранична соработка.